• |

Сметководство

Како фирма со долгогодишно искуство во работењето со фирми од различен тип на дејности, како услужни, производствени, трговија на големо и мало, градежништво, транспорт, Ви ги нудиме следните сметководствени и финансиски услуги:

Финансиско сметководство
  • Синтетичка и аналитичка евиденција
  • Пресметка на амортизација и депресијација
  • Завршна сметка и други извештаи на барање на институции

Вклучена анализа на работењето за ДДВ обврзници на секои три месеци и за месечни ДДВ обврзници секој месец:

  • ДДВ (добавувачи и купувачи)
  • Каса
  • Магацин


Материјално сметководство
  • ЕТ- Евиденција во трговијата
  • ПЛТ – Приемни листи во трговијата
  • Магацинско работење

Административни услуги
  • Пријави/Одјави на вработени
  • Работни дозволи за странци
  • Боледувања
  • Спремање документација за институции (Банки,УЈП,ЦРМ)

Плати

Пресметка на плати за мали и средни фирми и потенцијал за големи корисници ,агенции за вработување и сл.


Даноци
  • Пресметки и регистрации поврзани со сите видови даноци (Е-Даноци/Е-ПДД)
  • Данок на додадена вредност - ДДВ
  • Персонален данок на доход - ПДД
  • Данок на добивка – ДД

- Реинвестирана добивка

Со одлука за реинвестирана добивка имате право на даночно ослободување за извршените вложувања во матерјални средства (недвижности, постројки и опрема ) и во нематерјални средства (компјутерски софтвер и патенти ) со цел проширување на дејноста.

- Задржан данок

Задржан данок е директен данок кој се пресметува на одреден тип на плаќања од домашни кон странски правни лица, како приходи од дивиденди, камати, авторски хонорари, забавни и спортски активности реализирани во Р.Македонија, менаџмент услуги, консалтинг услуги , финансиски услуги,осигурителни премии,телекомуникациски услуги,закуп на недвижности.
Задржаниот данок е регулиран во Законот за данок на добивка и Правилникот за данок на добивка.
Обврска за задржување на данок при исплати кон странски правни лица имаат домашни правни лица,домашни физички лица регистрирани за вршење дејност и странско правно и физичко лице –нерезидент со постојана деловна единица во Р.Македонија.
Со задржан данок се оданочуваат исплатите кон странски правни лица ,но не и на исплатите кон странски физички лица.
При исплата на приходот важно е да се знае кој е стварен корисник на исплатениот приход , бидејки од ова зависи дали исплатата може да биде ослободена од македонскиот данок по задршка или не.

- Донации/Спонзорства

Давател или примател на донација или спонзорство може да користи даночни поттикнувања на следниве даноци: ПДД,ДДВ,ДД,Данок на имот.
*На даночниот обврзник на Данокот на добивка како расход во Даночниот биланс за оданочување на добивката му се признаваат дадените донации во тековната година до висина од 5% од вкупниот приход.
*На даночниот обврзник на Данокот на добивка како расход во Даночниот биланс за оданочување на добивката му се признаваат дадените спонзорства во тековната година до висина од 3% од вкупниот приход.
За остварување на даночното поттикнување за дадените донации и спонзорства правното лице-давател на донацијата/спонзорството кон Даночниот биланс доставува копија од договорот за донација/спонзорство, копија од решението донесено од Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес на донацијата/спонзорството, писмена потврда за примена донација/ спонзорство ,како и доказ за уплата на средствата.

- Вложувања во спорт

Даночни ослободувања заради поттикнување на спортот:

   Спортски федерации и МОК
1) На обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски федерации и Македонскиот олимписки комитет кои се уплатени на посебна наменска сметка ,му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација,но најмногу до 40% од пресметаниот данок.
   Спортски клубови
2) На обврзникот кој донирал финансиски средства на фудбалски клубови кои се уплатени на посебна наменска сметка му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација,но најмногу до 50% од пресметаниот данок.
3) На обврзникот кој донирал финансиски средства на кошаркарски клубови кои се уплатени на посебна наменска сметка му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација,но најмногу до 40% од пресметаниот данок.
4) На обврзникот кој донирал финансиски средства на ракометни клубови кои се уплатени на посебна наменска сметка му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација,но најмногу до 40% од пресметаниот данок.
5) На обврзникот кој донирал финансиски средства во спортски клубови во другите спортови кои не се погоре наведени ,кои се уплатени на посебна наменска сметка ,му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација,но најмногу до 35% од пресметаниот данок.
6) За остварување на правото а даночно ослободување за донираните финансиски средства во спортски клубови ,клубовите треба да се натпреваруваат во национален систем на натпревари каде има натпреварување во организирана лига и да имаат регистрирана и активна младинска школа.
7) За дадените донации на најмалку еден спортски клуб во календарската година кој не учествува во организирана национална лига,на обврзникот му се намалува пресметаниот данок за износот на дадена донација ,но најмногу до 5% од пресметаниот данок.

ISO Standards