• |

Регистрација/Отворање на фирма (ДООЕЛ; ДОО)

Секој пред да отвори фирма се соочува со многу прашања. Како да отворам фирма; што ќе работам; дали ќе биде успешна; на кого ќе продадам; колкав и каков ми е ризикот; дали можам брзо да ја затворам во случај да не ми оди работата; колку даноци ќе платам; како е најдобро да инвестирам; како да го обезбедам капиталот и другите ресурси и сл.
Имаме доста клиенти кои си ги поставуваа истите прашања за сега да бидат пример за успех.
Нашето искуство е оформено од работењето со мали, средни, големи фирми, како и многу големи корпорации на високо ниво.
Интерес на ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ е нашите клиенти, како и новите клиенти да се успешни компании, па затоа и наша цел е да го поттикнеме Вашиот успех и да го намалиме ризикот со кој се соочувате. Успешните фирми се наши најдобри клиенти.

ISO Standards